You are currently at our Macedonia website. We also offer a wide range of products with direct customer service in many locations worldwide.
All locations



Технички податоци

Максимална ефикасност на горивото благодарејќи на иновативното соединение.

Иновативното соединение го урамнотежува конфликтот меѓу перформансите на влажни патишта и отпорот при тркалање и го носи на едно ново ниво на кое му нема преседан. Новоразвиената комбинација на соединението има стабилизирачки ефект врз пневматикот. Сѐ на сѐ, тоа доведува до намален отпор при тркалање и ефикасно користење на пневматикот. 

Подобрена километража преку шара оптимизирана за абење.

Во споредба со докажаниот ContiVanContact™ 200, новоразвиената шара на слојот за газење на VanContact™ Eco се карактеризира со стабилен дизајн на шарата. Ова доведува до порамномерно поделен притисок што видливо ја намалува абразијата. Исто така, ги зајакнува карактеристиките за управување под тешки товари.

Иновативниот дизајн на жлебовите ја подобрува удобноста во однос на нивото на бучава.

Пневматикот VanContact™ Eco доаѓа со иновативен дизајн на жлебовите. Со оваа технологија доаѓаме до оптимална удобност во однос на нивото на бучава за пневматикот за ванови, истовремено задржувајќи конзистентно високи перформанси на влажни патишта.



Преземи

Product Sheet VanContact™ Eco

Product Sheet VanContact™ Eco

pdf 457 KB


Сé уште имате прашања?

Само прашајте.

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.




Дали барате дилер?