You are currently at our Macedonia website. We also offer a wide range of products with direct customer service in many locations worldwide.
All locations



Технички податоци

Импресивно прилегнување на снежни и на влажни патишта во текот на зимата врз основа на адаптивната смеса за сите сезони

Со смоли за зимски перформанси и голем процент на исполнување на силикон во силиконската смеса за тракција, новиот AllSeasonContact™ секогаш е флексибилен. Ова приспособување обезбедува одлични перформанси на снежни и на влажни патишта во текот на зимата. 

Добрите перформанси на сопирање на суви и на влажни патишта во лето се овозможени со флексибилниот дизајн на слојот за газење.

Како компањон од доверба, новиот AllSeasonContact™ е убедлив во сите услови преку лето. За тоа е одговорна комбинацијата од отворени рамена за врвни перформанси при аквапланинг и крути шари со минимален број зарези за подобро управување и сопирање на суви патишта. 

Отпорот на тркалање што е најдобар во класата е постигнат преку конструкција за сите сезони што има оптимизирана енергија.

Импресивното намалување на отпорот на тркалање се добива врз основа на оптимизираната геометрија на бочната страна и оптималната длабочина на шарата што води до значително намалување на потрошувачката на гориво – без правење компромис со аспектите на безбедноста.



Технологија

ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.

ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.

ContiSeal

Преземање

Product Sheet AllSeasonContact™

Product Sheet AllSeasonContact™

pdf 893 KB


Сé уште имате прашања?

Само прашајте.

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.




Дали барате дилер?