Со смоли за зимски перформанси и голем процент на исполнување на силикон во силиконската смеса за тракција, новиот AllSeasonContact™ секогаш е флексибилен. Ова приспособување обезбедува одлични перформанси на снежни и на влажни патишта во текот на зимата.
Како компањон од доверба, новиот AllSeasonContact™ е убедлив во сите услови преку лето. За тоа е одговорна комбинацијата од отворени рамена за врвни перформанси при аквапланинг и крути шари со минимален број зарези за подобро управување и сопирање на суви патишта.
Импресивното намалување на отпорот на тркалање се добива врз основа на оптимизираната геометрија на бочната страна и оптималната длабочина на шарата што води до значително намалување на потрошувачката на гориво – без правење компромис со аспектите на безбедноста.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.