Жлебовите 3Д ги оптимизираат перформансите на сопирање во влажни и во суви услови. Изедначената дистрибуција на притисокот обезбедува многу мали растојанија на запирање.
Врз основа на зголемениот број блокови на слојот за газење и на отвореното внатрешно раме, растурањето на водата е поефикасно. Правилната тркалезна форма на површините што се во контакт со патот овозможува одлична заштита од аквапланинг.
Асиметричната шара на слојот за газење го вкочанува рамото на пневматикот и дава оптимален контакт со површината.
ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.
ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.
SSR-системот е runflat технологија посебно развиена во Continental за нископрофилни пневматици што овозможува пневматикот и понатаму да биде компатибилен со секој стандарден бандаж. SSR-принципот е заснован врз самоподдржувачка зајакната бочна страна. Во случај на дупчење, тоа спречува бочната страна да се згмечи меѓу патот и бандажот и пневматикот да слизне од бандажот, со што резервниот пневматик станува застарено решение. Кога нема потреба од носење резервен пневматик, добиваме намалување на масата што ја зголемува ефикасноста на потрошувачката на горивото. Исто така, добиваме и до 80 литри слободен простор во багажникот. Монтажа на сите четири позиции силно се препорачува, ако веќе не е задолжителна со закон, а репарација на пневматиците не е дозволена.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.