You are currently at our Macedonia website. We also offer a wide range of products with direct customer service in many locations worldwide.
All locations




Технички податоци

Совршено прилегнување и оптимално управување во која било ситуација при возење.

ContiPremiumContact™ 5 е развиен за да реагира на вашиот стил на возење, овозможувајќи совршено управување и одлично прилегнување на патот.

Мали растојанија на запирање на влажни и на суви површини.

Со својата новоразвиена технологија пневматикот е развиен лесно да прилегнува на патот и во влажни и во суви услови, со што се добиваат помали растојанија на запирање заради поголема безбедност.

Удобно возење и унапреден отпор на тркалање.

Дизајнот на пневматикот значи забележливо поголема удобност во возењето со совршено управување и унапреден отпор на тркалање, со што се штеди гориво.

Технологија

ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.

ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.

ContiSeal и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

ContiSeal

SSR-системот е runflat технологија посебно развиена во Continental за нископрофилни пневматици што овозможува пневматикот и понатаму да биде компатибилен со секој стандарден бандаж. SSR-принципот е заснован врз самоподдржувачка зајакната бочна страна. Во случај на дупчење, тоа спречува бочната страна да се згмечи меѓу патот и бандажот и пневматикот да слизне од бандажот, со што резервниот пневматик станува застарено решение. Кога нема потреба од носење резервен пневматик, добиваме намалување на масата што ја зголемува ефикасноста на потрошувачката на горивото. Исто така, добиваме и до 80 литри слободен простор во багажникот. Монтажа на сите четири позиции силно се препорачува, ако веќе не е задолжителна со закон, а репарација на пневматиците не е дозволена.

SSR и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

SSR

Преземете

Product Sheet ContiPremiumContact 5

Product Sheet ContiPremiumContact 5

pdf 1 MB


Сé уште имате прашања?

Само прашајте.

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.




Дали барате дилер?