Технички податоци

Одлична безбедност при возење со големи брзини.

Асиметричните ребра на слојот за газење се така дизајнирани за да ги апсорбираат значителните сили што дејствуваат врз пневматикот при возење со големи брзини, кога нагло се прават маневри или при менување на површината на патот. Ова обезбедува добро прилегнување на возилото на патот и овозможува агилна прецизност на управувањето.

Помали растојанија на запирање на влажни и на суви површини.

Ребрата на шарата на слојот за газење овозможуваат одлична способност за сопирање и прецизност на управување апсорбирајќи ги силите што дејствуваат врз сопирањето, што значи намалување на растојанијата на запирање.

Одлична заштита од аквапланинг.

Единствените жлебови овозможуваат подобрено отстранување на водата за подобра отпорност на аквапланингот.

Технологија

ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.

ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.

ContiSeal и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

ContiSeal

Најважни технички карактеристики. ContiSilent™ e пневматик со технологија за намалување на бучавата развиена во Continental. Дизајниран е да ја намали внатрешната бучава на сите површини на патишта. Пневматиците ContiSilent™ се опремени со внатрешен апсорбер, со полиуретанска пена, прицврстена со адхезив за внатрешната површина на слојот за газење. Независно од температурата, структурата на пената останува непроменета. ContiSilent™ помага да се намали бучавата во внатрешноста на возилото и до 9 dB(A), во зависност од видот возило и од површината на патот.

ContiSilent и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

ContiSilent

SSR-системот е runflat технологија посебно развиена во Continental за нископрофилни пневматици што овозможува пневматикот и понатаму да биде компатибилен со секој стандарден бандаж. SSR-принципот е заснован врз самоподдржувачка зајакната бочна страна. Во случај на дупчење, тоа спречува бочната страна да се згмечи меѓу патот и бандажот и пневматикот да слизне од бандажот, со што резервниот пневматик станува застарено решение. Кога нема потреба од носење резервен пневматик, добиваме намалување на масата што ја зголемува ефикасноста на потрошувачката на горивото. Исто така, добиваме и до 80 литри слободен простор во багажникот. Монтажа на сите четири позиции силно се препорачува, ако веќе не е задолжителна со закон, а репарација на пневматиците не е дозволена.

SSR и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

SSR


Сé уште имате прашања?

Само прашајте.

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.




Дали барате дилер?