Со прецизен одѕив на воланот и со максимално прилегнување во сите услови, ContiSportContact™ 5 P ви дава целосна контрола над вашето возило.
На кој било пат да се наоѓате пневматикот совршено се приспособува на неговата површина – особено во текот на брзи свртувања.
Иновациската технологија Black Chilli на Continental обезбедува ContiSportContact™ 5 P не само да оди брзо - туку и да се запира брзо.
Најважни технички карактеристики. ContiSilent™ e пневматик со технологија за намалување на бучавата развиена во Continental. Дизајниран е да ја намали внатрешната бучава на сите површини на патишта. Пневматиците ContiSilent™ се опремени со внатрешен апсорбер, со полиуретанска пена, прицврстена со адхезив за внатрешната површина на слојот за газење. Независно од температурата, структурата на пената останува непроменета. ContiSilent™ помага да се намали бучавата во внатрешноста на возилото и до 9 dB(A), во зависност од видот возило и од површината на патот.
SSR-системот е runflat технологија посебно развиена во Continental за нископрофилни пневматици што овозможува пневматикот и понатаму да биде компатибилен со секој стандарден бандаж. SSR-принципот е заснован врз самоподдржувачка зајакната бочна страна. Во случај на дупчење, тоа спречува бочната страна да се згмечи меѓу патот и бандажот и пневматикот да слизне од бандажот, со што резервниот пневматик станува застарено решение. Кога нема потреба од носење резервен пневматик, добиваме намалување на масата што ја зголемува ефикасноста на потрошувачката на горивото. Исто така, добиваме и до 80 литри слободен простор во багажникот. Монтажа на сите четири позиции силно се препорачува, ако веќе не е задолжителна со закон, а репарација на пневматиците не е дозволена.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.