You are currently at our Macedonia website. We also offer a wide range of products with direct customer service in many locations worldwide.
All locations



Технички податоци

Одлично прилегнување на патот и управување, како и безбедност при свртување.

ContiSportContact™ 5 се приспособува на површината на патот, давајќи унапредено прилегнување и управување при забрзување и при свртување.

Помали растојанија на запирање во сите временски услови.

Со воведување на технологијата Black Chilli, ContiSportContact™ 5 е пореактивен, овозможувајќи помали растојанија на запирање на влажни и на суви патишта.

Намалена потрошувачка на гориво и голема километража.

Единственото соединение на пневматикот обезбедува значително намален отпор на тркалање – за поголема километража и намалена потрошувачка на гориво.



Технологија

ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.

ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.

ContiSeal и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

ContiSeal

Најважни технички карактеристики. ContiSilent™ e пневматик со технологија за намалување на бучавата развиена во Continental. Дизајниран е да ја намали внатрешната бучава на сите површини на патишта. Пневматиците ContiSilent™ се опремени со внатрешен апсорбер, со полиуретанска пена, прицврстена со адхезив за внатрешната површина на слојот за газење. Независно од температурата, структурата на пената останува непроменета. ContiSilent™ помага да се намали бучавата во внатрешноста на возилото и до 9 dB(A), во зависност од видот возило и од површината на патот.

ContiSilent и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

ContiSilent

SSR-системот е runflat технологија посебно развиена во Continental за нископрофилни пневматици што овозможува пневматикот и понатаму да биде компатибилен со секој стандарден бандаж. SSR-принципот е заснован врз самоподдржувачка зајакната бочна страна. Во случај на дупчење, тоа спречува бочната страна да се згмечи меѓу патот и бандажот и пневматикот да слизне од бандажот, со што резервниот пневматик станува застарено решение. Кога нема потреба од носење резервен пневматик, добиваме намалување на масата што ја зголемува ефикасноста на потрошувачката на горивото. Исто така, добиваме и до 80 литри слободен простор во багажникот. Монтажа на сите четири позиции силно се препорачува, ако веќе не е задолжителна со закон, а репарација на пневматиците не е дозволена.

SSR и другите технологии се применуваат само кај одредени асортимани/големини на производи.

SSR

Преземање

Product Sheet ContiSportContact 5

Product Sheet ContiSportContact 5

pdf 2 MB


Сé уште имате прашања?

Само прашајте.

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.




Дали барате дилер?