Крутите блокови на рамената даваат исклучителна стабилност при свртување.
Неговата структура на слојот за газење во форма на обрач во централната зона, слично како кај летниот пневматик, обезбедува мали растојанија на запирање на суви патишта.
Подебелите засеци со своите разделници во внатрешноста на пневматикот прават засеците да се отворат кога се во контакт со површината. Како резултат на тоа, засеците се полнат со повеќе снег и се карактеризираат со екстра-прилегнување на зимски патишта.
SSR-системот е runflat технологија посебно развиена во Continental за нископрофилни пневматици што овозможува пневматикот и понатаму да биде компатибилен со секој стандарден бандаж. SSR-принципот е заснован врз самоподдржувачка зајакната бочна страна. Во случај на дупчење, тоа спречува бочната страна да се згмечи меѓу патот и бандажот и пневматикот да слизне од бандажот, со што резервниот пневматик станува застарено решение. Кога нема потреба од носење резервен пневматик, добиваме намалување на масата што ја зголемува ефикасноста на потрошувачката на горивото. Исто така, добиваме и до 80 литри слободен простор во багажникот. Монтажа на сите четири позиции силно се препорачува, ако веќе не е задолжителна со закон, а репарација на пневматиците не е дозволена.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.