Нa новиот ContiWinterContactTM TS 810 унапредените гранични карактеристики на средината и на надворешноста на пневматиците значително го подобруваат прилегнувањето на снег.
Покрај тоа, засеците на асиметричната шара на слојот за газење, како сосема ново развојно достигнување, се 20% подебели на внатрешната страна на пневматикот. Овие засеци може да примат многу повеќе сила и да ја подобрат тракцијата за подобро триење снег-снег.
Иновациските разделници на засеците спречуваат затворање на засеците во контакт со површината, со што се овозможува да се зголеми количеството снег што го зема засекот за приближно 20%, а тоа значително ги подобрува тракцијата и стабилноста при свртување во снег.
Со новиот вид полимер за влажни површини новиот ContiWinterContactTM TS 810 има подобри перформанси на влажни површини без правење компромис со перформансите на снег. Ултраактивниот графит во смесата на пневматикот забележливо ја подобрува стабилноста во возење. Работниот век на пневматикот и долгорочната флексибилност на слојот за газење може да се зголемат со реактивни пластификатори во смесата на пневматикот.
Приспособен концепт на слојот за газење овозможува добри перформанси на прилегнување на влажни површини на новите пневматици ContiWinterContactTM. За да се намали ризикот од аквапланинг, бројот на жлебовите по рабовите што ја апсорбираат водата за време на дожд е приспособен на ширината на пневматикот. ContiWinterContact TS 810 има три жлеба или за ширина од 225 mm и пошироко четири жлеба.
По ширината на слојот за газење на пневматикот има неколку индикатори на абењето што ја покажуваат длабочината на слојот за газење. Ако слојот за газење е изабен до 4 mm, со што достигнал лимит за зимска употреба, TWI се изедначил со површината на слојот за газење, јасно покажувајќи го абењето на пневматиците.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.