Иновативниот дизајн и усогласената распределба на отворите на новиот пневматик CrossContact™ RX обезбедуваат намалена бучава на патот за мазно и тивко возење.
Новата шара на CrossContact™ RX гарантира помали должини на запирање на влажни патишта.
Благодарејќи на новоразвиената технологија на отвори, овој вид овозможува подобрена тракција на снежни патишта и одлична тракција на влажни патишта, притоа без да се жртвуваат перформансите на суви патишта.
ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.
ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.
Најважни технички карактеристики. ContiSilent™ e пневматик со технологија за намалување на бучавата развиена во Continental. Дизајниран е да ја намали внатрешната бучава на сите површини на патишта. Пневматиците ContiSilent™ се опремени со внатрешен апсорбер, со полиуретанска пена, прицврстена со адхезив за внатрешната површина на слојот за газење. Независно од температурата, структурата на пената останува непроменета. ContiSilent™ помага да се намали бучавата во внатрешноста на возилото и до 9 dB(A), во зависност од видот возило и од површината на патот.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.