Максимална безбедност, минимално влијание.

Неверојатно сме горди на најновиот член на линијата пневматици на Continental, UltraContact NXT. Тоа е нашиот најодржлив пневматик, кој постигнува оптимална рамнотежа помеѓу одржливост, безбедност и ефикасност.





Технички детали

Висок удел на рециклирани и обновливи материјали.

Одликувајќи се со состав од рециклирани, обновливи и сертифицирани материјали, UltraContact NXT гарантира бескомпромисна безбедност и перформанси. Соединението и конструкцијата на NXT се карактеризираат со оптимална мешавина на природна гума, силикат од пепелта од оризови лушпи, рециклиран ПЕТ, рециклиран челик и друго.

Ултрадолготрајна удобност при возење.

Уживајте во вашето возачко искуство потпирајќи се на издржлив и долготраен пневматик. Благодарение на нашето соединение Yellow Chili и усогласениот дизајн на шарите, UltraContact NXT ви овозможува ултраголема километража и балансирана удобност при возењето.

Извонредни перформанси за вашето одржливо патување.

ЕУ етикетата за пневматици им доделува оцена тројно А на сите големини на UltraContact NXT коишто се одликуваат со уникатна впивачка шара и паметна енергетска конструкција и што ја означувааат најдобрата оцена на ЕУ етикетата во однос на отпорот на тркалање, сопирањето во влажни услови и бучавата при тркалање. Верувајте му на UltraContact NXT за безбедно и одржливо возење со продолжен дофат, без оглед на вашата дестинација.

Ве подготвуваме за е-мобилност.

Нашиот симбол за компатибилност со електрични возила потврдува дека пневматикот ги исполнува условите за електрични возила, како и за автомобили со мотори со внатрешно согорување и со хибридни мотори.

EV-compatible



Лист со факти UltraContact NXT

Лист со факти UltraContact NXT

pdf 1 MB Преземете

Максимална безбедност: Зафат на влажен пат етикета А, најдобар можен рејтинг на ЕУ етикета.

* Точниот процент зависи од големината на пневматикот. UltraContact NXT содржи 37 % рециклирани и обновливи материјали. Дополнително, Continental обезбеди 28 % ISCC PLUS сертифицирани материјали за пристап на рамнотежа на маса од био-базирани, био-циркуларни и/или циркуларни суровини.