Бидејќи возењето е многу позабавно од грижата за нови пневматици, UltraContact – со своето соединение YellowChili и усогласениот дизајн на слојот за газење – ви овозможува ултрадолга километража и безбедно балансирано искуство во возењето. Затоа уште многу, многу долго не мора да се грижите за купување нови пневматици.
Возењето е задоволство кога знаете дека речиси ништо не може да ве запре. Новиот UltraContact е усовршен за да ви го даде токму ова чувство: Неговата заштитна структура насекаде наоколу, со дебела и робусна обвивка UltraShield, овозможува забележлива заштита од оштетување во секојдневното возење. Ви посакуваме пријатно време на многу различни улици – без оглед дали се нерамни или рамни.
Сакаме да уживате во секој километар што го минувате на патот – дури и ако врне. Големиот број единствено обликувани жлебови го зголемуваат таканаречениот „вајп-аут“ ефект на водата и овозможуваат кратки растојанија на сопирање, додека специјалните „прекинувачи“ на бучавата во жлебовите доведуваат до значително намалување на бучавата. Само за да бидеме сигурни дека секое возење што ќе го почнете ќе ви биде безбедно и удобно.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.