Како што секој успешен бизнис има цел изградба на долги односи, така и наша цел е колку што е можно подолго да бидеме до вас. Затоа го усовршивме VanContact™ Ultra – пневматик со кој најверојатно ќе поминете долго време. Подебелите гумени блокови и заштитното ребро околу целата страна на пневматикот го стабилизираат целиот страничен ѕид. Овие карактеристики обезбедуваат негова поголема издржливост и ја намалуваат веројатноста за оштетување на работ. Затоа, подгответе се да не се грижите за купување нови пневматици уште долго, долго време.
Бидејќи знаеме дека најверојатно имате други приоритети отколку да размислувате за пневматиците во вашиот возен парк создадовме сосема нов концепт на ултраиздржливо соединение приспособено на барањата на вановите. Со користење на таканаречени функционализирани полимери успеавме да постигнеме значителен отпор при тркалање, голема робусност и истовремено да обезбедиме одлично прилегнување на влажни патишта – давајќи ви слобода да размислувате за напредувањето на вашиот бизнис наместо за менувањето на пневматиците на вашиот возен парк.
Кога го усовршувавме VanContact™ Ultra, имавме цел да ви дадеме пневматик што ќе биде во можност да ве носи многу почесто од А до Б. За да овозможиме одлични перформанси за километражата, создадовме нов дизајн на затворена шара со помалку и помали странични жлебови во рамото. Резултатот е: поголема област на контакт меѓу пневматикот и патот, со што се намалува специфичното трошење на шарата, како и бучавата на патот. Бидејќи не остана што уште да се објаснува, ви посакуваме пријатно и тивко време меѓу многу локации А и Б.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.