* Ова е споредбен тест за абење на шарата на пет гуми за сите сезони даден во дијаграмот на барање на Continental Reifen Deutschland GmbH, а спроведен од DEKRA Test Center SAS. Тестирана големина на пневматици: 205/55 R16 94V XL на VW Golf VIII 1.5 TSI (150 hp) со погон на предните тркала, спроведено во јужна Франција од 23.11. до 20.12.2022 г. Предвидениот век на абење на шарата (километража) е врз основа на линеарна екстраполација до граница на абење од 1,6 mm во средината и 0 mm во рамо по извозени 15.450 тест-километри и го зема предвид просечниот век на абењето на шарата на предните гуми. Деталите може да се најдат во извод од извештај на DEKRA, 22CPE11-198. Поради големиот број модели на пневматици за сите сезони и различниот квалитет, ова не е репрезентативен резултат од тестирањето за глобалниот пазар на пневматици.
(name of the tire)
(tire description)
Технички детали
- Ефикасност
- Безбедност
- Задоволство при возење
- Компатибилни со електрични возила
Ништо не трае вечно, но овие пневматици траат многу подолго.
AllSeasonContact 2 пневматиците се креирани со подобрени материјали и подобар дизајн на шара којшто го намалува триењето. Ова не само што ја намалува абразијата, туку и го зголемува траењето на пневматиците, а и ја намалува загубата на енергија – што е клучно за намалување на потрошувачката на гориво и проширување на асортиманот.
Кога сезоните прават онака како што сакаат, овие пневматици прават онака како што вие сакате.
Не можете да ги контролирате временските услови. Но, може да се подготвите за нив. Со својата подобрена технологија за соединенија, пневматиците AllSeasonContact 2 остануваат доследни при секакви температури, овозможуваат подобро држење без разлика на сезоната, како и безбедно и самоуверено возење.
И кога временските услови се непредвидливи, возењето и понатаму е пријатно.
Нашиот дизајн на приспособлив слој за газење заедно со иновативната c-block технологија овозможуваат подобра крутост на AllSeasonContact 2 пневматиците. Отворените рамена помагаат да се оттргне водата подалеку од пневматикот. Ова значи подобро управување на кривини и поглатко возење на прави патишта, со што возењето ќе ви биде попријатно при секакви временски услови.
Ве подготвуваме за е-мобилност.
Нашиот симбол за компатибилност со електрични возила потврдува дека пневматикот ги исполнува условите за електрични возила, како и за автомобили со мотори со внатрешно согорување и со хибридни мотори.

Резултати од тестови
- DEKRA
Проверен лидер во километража.*
Пневматиците AllSeasonContact 2 се изработени со подобрени материјали со подобрен дизајн на шара што го намалува триењето. Ова не само што ја намалува абразијата, туку и го зголемува траењето на пневматиците, а и ја намалува загубата на енергија – што е клучно за намалување на потрошувачката на гориво и проширување на асортиманот.

Преземања
Сé уште имате прашања?
Само прашајте.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.