You are currently on our Macedonia website. You can also switch to one of our many other locations worldwide.
All locations

(name of the tire)

(tire description)

Passenger CarSummer Tyres



Технички податоци

Економично возење благодарејќи на подобрената геометрија на компонентите и ефикасната дистрибуција на силициум диоксидот.

Пневматикот EcoContact 6 Q постигнува оптимална рамнотежа меѓу дистрибуцијата на соединението, геометријата на компонентите и волуменот на пневматикот. Високотехнолошкото соединение исто така овозможува оптимизирана полимер-мрежа со робусни поврзувања меѓу силициум диоксидот и гумата. Како резултат на тоа, пневматикот нуди добра рамнотежа меѓу флексибилноста и крутоста, што доведува до пореактивен пневматик. На тој начин се овозможува оптимално адаптирање на различни услови на патот, со што крајно се подобруваат отпорот на тркалање на пневматикот и потрошувачката на гориво (Kласа A–C според ЕУ-ознаката за пневматици).

Уште поубедливо возење унапредено со перформанси на оптимизирана удобност.

Напредното соединение Green Chili 2.0 се приспособува на површината на патот, намалувајќи ги деформирањето и собирањето топлина во исто време. Ова придонесува за поефикасно користење на горивото и за намалување на неговата потрошувачка (Kласа A–C според ЕУ-ознаката за пневматици). Исто така, благодарејќи на флексибилноста на полимерот во комбинација со иновативните адитиви, се намалува загубата на гума во текот на животниот циклус на пневматикот. Како резултат на тоа, се зголемува километражата.

Спортско возење на секој автомобил благодарејќи на дизајнот на шарата со оптимизирано управување.

Подобрениот дизајн на макроблокот обезбедува максимална контрола и стабилност при свртување. Покрај тоа, асиметричната геометрија на ребрата овозможува подобро прилегнување кај ефектот на бочните сили.

Задржете ја контролата.

Постојат перформанси во влажни услови, перформанси во суви услови и потоа го имаме EcoContact™ 6 Q.Со својот приспособен дизајн, асиметрично ребро и геометрија на жлебови, EcoContact™ 6 Q секогаш овозможува да имате контрола над какви било услови.





Сé уште имате прашања?

Само прашајте.

Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.




Дали барате дилер?