(name of the tire)
(tire description)
Технички податоци
- Издржливост
- Мал отпор на тркалање
- Километража
Сигурен колку што е и вашиот најдобар вработен.
Како што секој успешен бизнис има цел изградба на долги односи, така и наша цел е колку што е можно подолго да бидеме до вас. Затоа го усовршивме VanContact™ Ultra – пневматик со кој најверојатно ќе поминете долго време. Подебелите гумени блокови и заштитното ребро околу целата страна на пневматикот го стабилизираат целиот страничен ѕид. Овие карактеристики обезбедуваат негова поголема издржливост и ја намалуваат веројатноста за оштетување на работ. Затоа, подгответе се да не се грижите за купување нови пневматици уште долго, долго време.
Менувајте ги размислувањата – не пневматиците.
Бидејќи знаеме дека најверојатно имате други приоритети отколку да размислувате за пневматиците во вашиот возен парк, излеговме со сосема нов концепт на издржливо соединение приспособено за барањата на вановите. Со користење на таканаречените функционализирани полимери, бевме во можност да постигнеме исклучителен отпор на тркалање, голема робустност и истовремено да овозможиле одлично прилегнување во влажни услови – давајќи ви слобода да размислувате за унапредување на вашиот бизнис наместо за менување на пневматиците.
Возете километри „со векови“
Кога го усовршувавме VanContact Ultra, имавме цел да ви дадеме пневматик што ќе биде во можност да ве носи многу почесто од А до Б. За да овозможиме одлични перформанси од аспект на километражата, создадовме нова затворена шема со помалку и помалку латерални жлебови во реброто на рамото. Резултат е поголема област на контакт меѓу пневматикот и патот, со што се намалуваат специфичното абење на шарата, како и бучавата на патот (71-72 dB, Kласа B според ЕУ-ознаката за пневматици). Бидејќи не остана уште ништо да се објаснува, ви посакуваме пријатно и тивко време меѓу А и Б.
Сé уште имате прашања?
Само прашајте.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.