(name of the tire)
(tire description)
Технички детали
- Cool Chili™
- Liquid Layer Drainage™
- Snow Curve+
Cool Chili™ обезбедува максимални перформанси на сопирање во сите зимски временски услови
Силиконската смеса Maximum Traction обезбедува одлично прилегнување на влажни површини и на тој начин значително ги подобрува перформансите на сопирање. Покрај тоа, WinterContact™ TS 860 е флексибилен по секое време во текот на зимата и безбедно ги пренесува силите на сопирање на влажни, замрзнати патишта и на патишта покриени со снег.
Liquid Layer Drainage™ ги намалува растојанијата на запирање на патиштата што се прекриени со мраз и со лед.
Новиот канален систем на засеци помага во постојаното насочување на водата од површината што е во контакт со патот, со што се подобруваат перформансите на сопирање на патиштата што се прекриени со мраз и со лед. Оваа специјална дренажа ја елиминира опасноста од ослабени перформанси на сопирање предизвикана од топењето на мразот и го забрзува сопирањето.
Технологија snow curve+ за безбедно свртување на патишта прекриени со сне
Новиот WinterContact™ TS 860 има засилено внатрешно заклучување на пневматикот со патиштата прекриени со снег преку новата технологија Snow Curve+. Со набивање на снегот во повеќе од 1.000 точки низ целиот профил се овозможува подобро севкупно прилегнување, особено при свртување.
Сé уште имате прашања?
Само прашајте.
Со задоволство ќе одговориме на сите ваши прашања и ќе ви овозможиме поддршка со нашата експертиза за пневматици.