You are currently on our Macedonia website. You can also switch to one of our many other locations worldwide.
All locations

Независно тестиран во сите услови

Тестови и резултати од тестови

Car accident

Потврден квалитет за ваша безбедност

Вашата безбедност е наш врвен приоритет. Затоа Continental ги зема предвид сите можни аспекти за безбедност и удобност кога ги развива своите гуми. Сите иновации на Continental треба да поминат интензивен режим на тестови пред да влезат во производство. 

Секој нов пневматик треба да помине стотици тест километри на нашата главна тест локација, Контидром. Вкупно 143.000 гуми се тестираат секоја година во различни услови. Минатата година, нашите тест-возачи собраа километража што е исто како да ја обиколиле земјината топка 5000 пати.

Ние ги подложуваме нашите пневматици на повеќе тестови од кој било друг бренд. Но, тоа сè уште не е доволно: Важно ни е дека нашите пневматици имаат добри перформанси и на независните тестови. И имаат: пневматиците од Continental редовно се оценети со најдобри перформанси на непристрасни тестови, а неколку пати сме изгласани за најдобра марка на гуми на годината од германското здружение на возачи ADAC и реномираните списанија, вклучувајќи ги AutoBild и AutoZeitung. Ова достигнување нè прави горди бидејќи уште еднаш потврдува: Со пневматиците Continental, вие сте безбедни на патот во сите услови.

Локации за тестирање на Continental: свет на тестирање

Кога станува збор за безбедноста на гумите, ниту едно растојание не е преголемо за нашите инженери. Тие патуваат низ цел свет за да се осигураат дека секој пневматик на Continental – без оглед дали се работи за зимски пневматици, летни пневматици, пневматици за сите сезони или за оние што се користат во спортски активности или активности со теренско возење – се тестирани од страна на нашите експерти во разновидни временски услови и за сите видови површини.

Тестирање на сите нивоа – од прототип до производство

За да испорача безбедни, оптимизирани и сигурни гуми, Continental користи и воспоставени и нови методи на тестирање. Експертот за истражување и развој на Continental, Андреас Шленке, објаснува како тестирањето – од виртуелни симулации до објективни и субјективни тестови – е составен дел од секоја фаза во развојот на гумите.

Контидром: поставување стандарди при тестирањето на гумите

Од самиот почеток, инженерите за тестирање во Контидром ги дефинираа стандардите што се применуваат во активностите за тестирање на гумите на Continental ширум светот. Сакате сами да видите каде се движи напредокот во развојот на гумите до ден-денес? Направете виртуелна обиколка и откријте ги многуте опции за прецизно тестирање достапни во репер објектот за тестирање гуми на Continental покрај Хановер.

Потврдено од специјализирани медиуми: Врвни оценки за пневматиците Continental

Пневматиците Continental продолжуваат да победуваат на тестовите низ целиот свет. Во 82 независни теста спроведени во 2024 година, нашите производи добија највисока оцена 73 пати – неверојатна стапка на успех од 89 проценти. Наградите што нè прават особено горди ја вклучуваат наградата за најдобар пневматик во изминатите 50 години од списанието Auto Motor Sport, како и редовните врвни оценки на главните летни и зимски тестови на пневатици на Германското здружение на автомобилисти. Овие резултати од тестови се исто така важна причина за производителите на автомобили да ни веруваат и да го опремат секој трет автомобил што излегува од нивните производни линии со пневматици Continental.

Погледнете го изборот на нашите најнови резултати од тестот

ADAC magazine

SportContact 7

Германското списание sportauto во своето издание (4/2025 година) го објави UHP Тест на летни пневматици 2025 година. Големината на тестираниот пневматик беше 275/35 R19 100Y на предната и 285/30 R 20 99Y на задна оска. Тест возило беше BMW M4.

Тестот беше спроведен од страна на sportauto на следниве полигони:

  • Контидром, Јеверсен, Германија (сите тестови за влажни и суви услови освен ракување во суви услови)
  • Тркачка патека Алкарас, Леида, Шпанија (ракување во суви услови)

За нашите SportContact 7

+ Активен и разновиден избор за возење, со особено високо ниво на безбедност на влажни услови

+ Најкратки растојанија на сопирање во сите тест-услови

+ Многу урамнотежено и безбедно возење на суво, во споредба со конкуренцијата, особено на влажна улица

+ Прецизно управување при спортско возење со сигурна реакција на возилото и високо ниво на прилегнување

+ Висока ефикасност на горивото и ниска бучава при тркалање

- Помалку удобност

Auto Bild

AllSeasonContact 2

Германскиот ACE (Auto Club Europa) заедно со GTÜ (Gesellschaft für Technische Überwachung mbH) и Austrian Partner Club ARBÖ (Auto-, Motor- und Radfahrerbund Österreichs) го објавија својот Тест на пневматици за сите сезони 2024. Големината на тестираниот пневматик беше 215/50 R18, тест возило беше Volkswagen T-Roc. Публикацијата може да се најде тука.

Тестот беше спроведен од страна на ACE на следниве терени:

  • Arctic Falls, Елвсбин, Шведска (тестови за снег/мраз)
  • ATP Automotive Testing, Папенбург, Германија (тестови за влажно/суво)

За нашите AllSeasonContact 2

+ Водечки во безбедноста во влажни и суви услови

+ Најдобри при влажно сопирање

+ Многу добри за економијата и животната средина

- Просечни во зимски услови

Auto Bild

PremiumContact 7

Германскиот ACE (Auto Club Europa) заедно со GTÜ (Gesellschaft für Technische Überwachung mbH) и ARBÖ (Auto-, Motor- und Radfahrerbund Österreichs) го објавија својот Тест за летни пневматици 2024. Големината на тестираниот пневматик беше 225/45 R17 94 W/Y, тест возило беше Volkswagen Golf и Opel Astra. Тестот беше спроведен од страна на ACE во соработка со Pirelli во полигон TRIWO, Фердсфелд, Германија.

Линкови до публикации:  ACE Lenkrad публикацијаВидео од тестот

За нашите PremiumContact 7

+ Најдобри при сопирање во влажни и суви услови

+ Најбезбеден пневматик од сите тестирани кандидати

+ Многу добро и избалансирано ракување на влажни услови

- Најлоши во надворешниот шум

Auto Bild

AllSeasonContact 2

Онлајн магазинот и YouTube-каналот „Tyre Reviews“ го објави Тест на пневматици за сите сезони на нивниот канал на YouTube и на веб-локацијата www.tyrereviews.com. Големината на тестираниот пневматик беше 205/55 R16 94 V, тест возило беше VW Golf. Тестот беше спроведен од страна на Tyre Reviews на следниве полигони:

  • Тестови за снег и мраз: Арвидсјаур, Шведска
  • Тестови за влажно и суво: Контидром, Јеверсен, Германија
  • Тест на абење: Continental, Отроковице, Чешка

За нашите AllSeasonContact 2

+ Многу добри перформанси при управување на суви патишта

+ Најдобри при управување во влажни услови со кратко влажно сопирање

+ Најдобра тракција на снег

+ Најдобри на мраз во целина

+ Најниско абење при тестирање

+ Најдобра вредност на пневматикот при тестирање

+ Низок отпор на тркалање

- Продолжено сопирање на сува подлога

- Ниска отпорност на аквапланинг

Разгледајте го асортиманост

на пневматиците Continental

We’re making mobility cleaner, safer, more intelligent and affordable for everyone.