Низ својата смеса, како и низ контурата, пневматикот генерира еднакво и рамномерно абење. Резултат е поголема ефикасност преку поголема измината километража на пневматикот.
Со спречувањето во жлебовите да се заглавуваат камења пневматикот станува потраен низ поголема отпорност на оштетувања.
Пневматикот дава способност за носење на особено големи товари со високо ниво на стабилност во возењето.
ContiSeal™ е технологија развиена во Continental дизајнирана за лепење на оштетениот слој за газење на пневматикот. Во случај на навлегување на туѓо тело, како што е, на пример, клинец, нема потреба за моментална замена на пневматикот покрај патот и дупките остануваат херметички затворени, дури и кога ќе бидат исфрлени предметите што навлегле.
ContiSeal™ е леплив вискозен слој за лепење. Тој е нанесен на внатрешната страна на пневматикот во областа на слојот за газење. ContiSeal™ лепи 80% од сите дупки на пневматикот и со тоа го намалува ризикот од издишување. Пневматиците ContiSeal™ се јасно означени со ознака на бочната страна и тие се компатибилни со вообичаено достапните бандажи.